Нова тажна вест од фудбалот: Репрезентативец на Еквадор почина на 22 години!

Еквадор и фудбалскиот свет го потресе веста за смртта на 22-годишниот фудбалер, Марко Ангуло кој загина во сообраќајна несреќа.

Фудбалерот на ЛДУ Кито пред еден месец имаше тешка сообраќајна несреќа во која загинаа уште две лица вклучувајќи и уште еден фудбалер, Роберто Кабезас.

Ангуло тогаш со тешки повреди во животна опасност беше пренесен во болница, цел месец се бореше за својот живот, но не успеа, докторите соопштија дека фудбалерот починал.

Тој важеше за голем талент на Еквадор, иако има 22 години веќе трипати го носеше дресот на сениорскиот национален тим од оваа земја.