
Нова спортска трагедија: Од срцев удар почина 22-годишен фудбалер во САД!
На 22-годишниот фудбалер му се слошило по завршувањето на одредени вежби, а иако бил пренесен во болница, подоцна ја загубил борбата за живот. Тој, наводно, боледувал од генетско срцево заболување, кое не било откриено во претходните прегледи.
Рајан претходно играше за Државниот универзитет во Северна Каролина, пред да се префрли во Минесота пред почетокот на оваа сезона за да добие повеќе минутажа на теренот.