Немал што да јаде, а копачки нашол во ѓубре, сега Јунајтед го бара за 120 милиони евра!

Филмска е приказната за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен кој од дното се издигна до врвот и стана еден од најбараните фудбалери во моментов.

Виктор Осимен на последните 12 натпревари за Наполи има постигнато 14 голови и три асистенции. Тој е прв стрелец во Серија А, но и играч кој ги сврте погледите кон себе на гигантите кои имаат пари.

Нигерискиот напаѓач има филмска животна приказна. Тој пораснал на улиците на најголемиот град во својата земја, Лагос, каде работел се и сешто за да донесе некоја пара за да преживе тој и неговите родители. Додека ги чистел олуците на соседите и носел вода за пари, сонувал да ја достигне славата на неговите идоли, Дидие Дрогба, Џон Оби Микел и останатите. 

Своите први копачки Виктор Осимен ги нашол фрлени во ѓубре, некоја година подоцна започнува неговата кариера. Тргна од Волфсбург, па играше за Шарлерој, го носеше дресот и на Лил од каде се пресели во Наполи.

Актуелниот договор на Осимен со Наполи трае до јуни 2025 година, „Трансфермаркт“ го проценува на 70 милиони евра, но неговата вредност на пазарот е значително поголема. Информациите велат дека Манчестер јунајтед подготвува понуда за него на лето од 120 милиони евра.

Осимен веројатно ќе го освои Скудетото со Наполи оваа сезона, а потоа големи се шансите да замине во нова средина.