„Не е важно што направи со својот живот Диего, важно е што направи со нашите животи!“

Нема фудбалер, тренер, легенда, спортист кој од вчера попладне не се простува од величенствениот Диего Марадона, аргентинскиот фудбалски Бог кој на 60 години почина од срцев удар, само две недели откако излезе од болница после операцијата на главата.

Сите се простуваат од големиот Диего, фудбалскиот магионичар и идол на милиони луѓе на планетата, а еден од најдобрите тренери на светот Пеп Гвардиола, цитираше една парола за да ја прикаже големината на виртуозот со топка.

„Пред околу една година во Аргентина видов една парола на која пишуваше: 'Не е важно што си направил со својот живот Диего, важно е што направи со нашите животи'. Мислам дека ова е доволно за да го опише, што овој човек ни даде“ рече Гвардиола.