
Не е сѐ во парите: Германците решија да им пркосат на ФИФА и Катарците (ФОТО)
„Панцерите“ пред дуелот се загреваа во маички на „Адидас“ во бои на виножитото, додека Џамал Мусаила и Нико Шлотербек на стадионот пристигнаа со качкети во исти бои. Капитенот Мануел Нојер додека се загреваше носеше капитенска лента на која пишуваше „Не за дискриминацијата“.
Капак на све беше групната фотографија на Германците, на која сите си ги затворија устите, како порака дека во Катар на дело е максимална цензура.