Не беа доволни 300 милиони евра: Тотнем договори ново скапо засилување!

Eкипите на Тотнем и Евертон договорија два одделни трансфери во кои Илман Ндијае треба да пристигне во Лондон, додека Бразилецот Ришарлисон по четири години ќе се врати во Евертон каде што помина одличен период.

Како што пренесуваат медиуми трансферите се формални одвоени, а Тотнем за Ндијае ќе плати 80 милиони евра, додека сумата за Ришарлисон засега не е позната, но е сигурно значително пониска.

Тотнем летово ги доведе Матеус Фернандеш од Вест Хем за околу 99,4 милиони евра, Сандро Тонали од Њукасл за 116,9 милиони и Јан Пол ван Хеке од Брајтон за 60,8 милиони. За Савио од Манчестер Сити беа издвоени околу 87,7 милиони евра. Дополнително, во тимот пристигнаа и Маркос Сенеси, Енди Робертсон и Мартин Дубравка, додека Омар Мармуш дебитираше против Њукасл како позајмен фудбалер од Манчестер Сити, со можност следното лето неговиот трансфер да стане перманентен за 70,1 милиони евра.

Но, и покрај тоа тимот има очаен старт во првенството каде што во првите две кола претрпе два порази и не постигна гол.