
Навивачите на Србија и Бразил први се пресметаа во Катар – победија Србите (ВИДЕО)
Во земјата на домаќинот на СП од минута во минута се зголемува бројот на српски и бразилски навивачи, кои веќе ја имаа првата пресметка. Тоа не беше инцидент односно тепачка како таа на фановите на Мексико и Аргентина денеска, туку културна спортска борба во мал фудбал – два на два, која се играше на аеродром.
Победија Србите, кои со тоа како да им го покажаа патот на своите миленици како да излезат на крај со Нејмар и соиграчите. Како и да е, атмосферата ќе биде фантастична како на стадионот така и во фан-зоните, а очекувањата се дека тоа ќе биде спектакл како на теренот така и на трибините.