Навивачите на Ривер ја загреваат атмосферата пред Суперкласико (ВИДЕО)

Навивачите на Ривер плејт се „загреваат“ денеска на плоштадот „Пуерта дел Сол“ во центарот на Мадрид пред големото Суперкласико, кое се игра утре од 20.30 часот против Бока јуниорс на „Сантијаго бернабеу“.

Повеќе од 5.000 навивачи на плоштадот пејат песни и им даваат поддршка на своите миленици, кои ќе се обидат да го освојат трофејот во Копа Либертадорес.

Засега нема никакви инциденти во Мадрид, иако полицијата ангажираше повеќе од 2.500 полицајци.