Навивачите ја наполнија „Бомбоњера“ за тренингот на Бока (ВИДЕО)

Бока јуниорс и Ривер плејт го одиграа првиот натпревар (2-2) во финалето на Копа Либертадорес, па двете екипи се подготвуваат за реваншот, а доказ дека уште владее аргентинското „лудило“ пред реваншот покажува денешниот тренинг на Бока.

Илјадници навивачи денеска ја наполнија „Бомбоњера“ за да го проследат тренингот на своите миленици пред саботниот дуел, кој се игра од 21 часот на „Естадио Антонио Веспучи Либерти“ во Буенос Аирес.


За аргентинското Суперкласико владее интерес во целиот свет, па цело внимание ќе биде насочено кон саботниот натпревар помеѓу двете екипи.