Напаѓачот од 50 милиони евра голема желба на Арсенал?

Според последните информации од редовите на Арсенал покажале сериозен интерес за ангажман на 21-годишниот напаѓач на Лајпциг, Бенџамин Шешко.

Микел Артета веќе одреден период е во потрага по „деветка“ и изборот како што стојат работите паднал на одличниот голгетер на бундеслигашот. Шешко и сезонава прикажува солидни настапи во Бундеслигата каде што на 25 натпревари постигна 13 голови. Расположен е и во репрезентацијата на Словенија каде што во 39 настапи собра 16 погодоци.

Минатото лето словенечкиот напаѓач наводно одбил трансфер во Арсенал бидејќи не бил сигурен дали ќе биде прв избор во лондонскиот клуб, но сега размислува поинаку, тврдат на Островот.

Во редовите на Лајпциг се подготвени да разговараат за негова продажба, меѓутоа само ако некој понуди 50 милиони евра. Се споменуваше и опција за позајмица, но за такво нешто во германскиот клуб не се распложени да преговараат.