Нападот на автобусот на Бока се случил поради очајна полициска проценка!

Откако се случи тешкиот инцидент во близина на „Монументал“, кога автобусот на Бока јуниорс беше каменуван од навивачи на Ривер плејт пред реванш-суперкласико во финалето на Купот Либертаторес, многу аргентински познавачи на случувањата по прегледаните снимки објавија посочија дека севкупно целата лоша организација оди на душа на полицијата во Буенос Аирес.

По медиумите се појавија снимки од нападот на автобусот од речиси сите можни агли, но тоа што најмногу им боде очи на познавачите на безбедносните прилики, особено за еден ваков меч кој е прогласен како Суперкласико на векот, меч на живот и смрт поради големиот влог, полиција е најодговорна за сето тоа што се случи.

Автобусот имаше полициска придружба, но многумина регираат дека е избрана лоша траса, зошто буквачно полицијата автобусот го носи директно во „дувлото на хулиганите“, кривината каде најчесто се собираат приврзаниците на Ривер пред мечевите.

„Но, и да морал оттука да помине автобусот, очигледно е дека не е направена тампон зона, за тие да бидат истерани подалеку, за да не може автобусот да им биде така лесна мета, па вака хулиганите се преблизу каде што треба да помине автобусот. Тоа значи дека не е обезбеден на најдобро место целата траса и тоа што се случи е само последица на лошо испланираното доаѓање на фудбалерите на Бока“, коментираат стручњаци по аргентинските медиуми.

Интересно автобусот е искршен решиси од секаде, па буквално хулиганите го направиле – кабрио.

Поради нападот по две пролонгирања, синоќа беше одлучено да се игра реванш финалето вечерва од 21 часот на „Монументал“.