Мурињо ја доби казната за инцидентот со тренерот на Галатасарај

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо е казнет со три натпревари суспензија во турскиот куп поради инцидентот кој го направи во натпреварот против Галатасарај со колегата Окан Бурук.

Во турканицата која настана Мурињо дотрча до Бурук и на изненадување на сите околу него потегна за носот, а стратегот на Галатасарај заврши на земјата и се фати за лицето.

Се најавуваше и суспензија за Португалецот до десет натпревари, сепак на крајот помина само со три и тоа суспензијата важи само за натпревари од турскиот куп.

Покрај суспензијата од три натпевари Мурињо ќе плати и парична казна од 7.000 евра.

За Мурињо олеснителна околност било тоа што дисциплинската комисија во Турција однесувањето на Бурук го оценила како провоцирачко.