„Монументал“ е исполнет до последното место! (ВИДЕО)

Стадионот во Буенос Аирес, „Монументал“ е исполнет до последното место и навивачите го чекаат почетокот на реваншот од финалето во Копа Либетадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс.

По нередите и нападот на автобусот со фудбалерите на Бока, гостите побараа натпреварот да не се одигра, но ФИФА и КОНМЕБОЛ ги тераат со сила да настапат.

Фудбалерот на Бока, Карлос Тевез, кажа дека не се во состојба да играат, но сите сакаат да го видат спектаклот, па навивачите се во исчекување.

Според последните информации, натпреварот се очекува да почне најрано во 23.15 часот.