Меси постигна гол за Интер, па „удри форхенд“ во чест на Новак Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами ноќеска ја совладаа Филаделфија Јунион (2-1) во меч од американската МЛС лига, а главна тема на натпреварот беше Лионел Меси и неговата необична прослава на погодокот.

Тимот од Флорида поведе во 23. минута со голот на Тејлор, а аргентинската ѕвезда ја зголеми предноста во 57. минута по одлична акција. Веднаш по погодокот, Меси го погледна небото и изведе движење како да удира форхенд, што многумина го протолкуваа како тениска инспирација.

Според шпекулациите, Меси ја посветил оваа прослава на Новак Ѓоковиќ, кого ден претходно го следеше во живо на полуфиналето на Мастерсот во Мајами против Григор Димитров. По натпреварот, двајцата спортски великани се сретнаа, се фотографираа и разменија подароци.

Оригиналниот гест на Меси го воодушеви Ѓоковиќ, кој снимката од прославата ја објави на својот Инстаграм.