Меси по наградата за најдобар фудбалер: Ова е голема чест за мене!
Меси ја предводеше Барселона до одбраната на титулата во Шпанија, како и до полуфиналето во Лигата на шампиони, кадешто Каталонците загубија од Ливерпул.
„Ова е емотивен ден за мене, зашто успеав да го поделам со своите деца. Откако стигнавме се дружевме со одлични фудбалери и моите синови навистина уживаа. Исто така, голема чест е да се освои наградата. Па, ќе ви кажам дека тука нема никакви тајни. Единствена работа е секогаш да го давам својот максимум и да се обидам да бидам подобар“, вели Меси.