Меси ја забавувал публиката на дебито на Марадона за Њуелс олд бојс (ФОТО)

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона во средата го загуби неговиот живот по срцев удар во својот дом во Аргентина, а сега за првпат се појавија детали од неговата кариера кои досега не биле познати за јавноста.

Еден од најинтересните е тоа што на дебито на Марадона за Њуелс олд бојс во далечната 1993 година, на полувремето на теренот излегол шестгодишниот Лионел Меси, кој ја забавувал публиката со трикови.