Марсело се закачи со тренерот, па доби отказ од Флуминенсе (ВИДЕО)

Два месеца пред истекот на договорот, Флуминенсе го избрка Марсело откако 36-годишниот бек имаше жестока расправија со тренерот Мано Менезес.

Двајцата влегоа во расправија во финишот од мечот против Гремио, Менезес сакаше да го уфрли во игра Марсело на крајот од основните 90 минути, но додека му даваше упатства, ветеранот одмавнуваше со главата. Потоа го повлече за рака за на крајот да ја промени одлуката и да го врати на клупа, а во игра да внесе друг фудбалер.

„Слушнав нешто што не ми се допадна, тоа беше се. Затоа одлучив да не го ставам во игра“, изјави поранешниот селектор на Бразил.

Инцидентот меѓу нив двајца, неколку часа подоцна резултираше со отказ за Марсело откако претседателот на Флуминенсе ја отвори таа тема, а Марсело прифати.