„Малиот ѓавол“ го растури Бразил и ја однесе Аргентина во полуфинале

Репрезентацијата на Аргентина влезе меѓу четирите најдобри на У17 Светското првенство што се одржува во Индонезија откако денеска го совлада Бразил со 3-0.

Херој на мечот беше новата надеж на Ривер Плата, Кристијан Ечевери, во татковината попознат како „малиот ѓавол“ кој ги постигна сите три гола. Резултатот го отвори во 28. минута, потоа погоди во 58 и во 71. за три минути подоцна триумфално да го напушти теренот. До крајот, Бразил не успеа да постигне барем еден гол, а победата на Аргентина во ниеден момент не беше доведена во прашање. Ечевери е најдобар стрелец на Светското првенство со пет гола.

Во полуфиналето, „гаучосите“ ќе играат со Германија која славеше во европското дерби со Шпанија со 1-0.