Македонецот Андоновски има најдобар старт со американската селекција во историјата!

Македонскиот тренер Влатко Андоновски пред повеќе од една година седна на кормилото на на женската американска фудбалска репрезентација, а синоќа се запиша во историјата со неговите фудбалерки.

Андоновски стана американски селектор, кој го имал најдобриот старт со репрезентативките, затоа што синоќа стигна до 11 победа во 11 натпревари на колку ги предводеше фудбалерките.

Македонскиот тренер ја почна авантурата со триумф против Шведска (3-2) на 8 ноември минатата година, по што на листата со негови „жртви“ се прошири со Јужна Кореја (6-0), Хаити (4-0), Панама (8-0), Коста Рика (6-0), Мексико (4-0), Канада (3-0), Англија (2-0), Шпанија (1-0), Јапонија (3-1) и Холандија (2-0).

Still perfect 🤩 Vlatko Andonovski moves to 11-0 as U.S. Soccer WNT Head Coach, the best start in team history 👏👏

Posted by FOX Soccer on Friday, November 27, 2020