Линекер се скара со Морган поради Меси и Роналдо (ФОТО)

Лионел Меси ја освои наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за 2019 година, а тоа предизвика мала „војна“ на социјалните мрежи, а во центар на внимание беа познатите Гери Линекер и Пјерс Морган.

Пред неколку дена Морган објави одлично интервју со Роналдо, по што порача дека Португалецот за него е најдобар фудбалер во историјата, иако пред две години мислел дека тоа е Меси.

И по вчерашната церемонија Морган порача дека Роналдо имал подобра година од Меси, но со тоа не се согласи легендарниот Линекер.

„Држи се до било што освен фудбал. Роналдо е фантастичен фудбалер, но бројките на Меси се неверојатни. Неговата игра е на друго ниво. И тој освои двојна круна. Тоа што си имал интервју со него не го прави подобар“, порача Линекер.