Лил го продаде Осимен за 70 милиони евра, а заработил само седум

Трансферот на Виктор Осимен од редовите на Лил во Наполи кој се случи во 2020 година денеска се најде во центарот на вниманието.

Нигерискиот напаѓач тогаш беше продаден на Наполи за 70 милиони евра и тоа беше најскапиот трансфер во историјата на францускиот клуб. Она што сега предизвика реакции се парите кои припаднале на Лил од вкупната сума.

Според изјавата на првиот човек на клубот Оливер Летанг во една ТВ емисија Лил речиси цела сума била потрошена на менаџерски провизии.

„Повеќе пари заработивме од продажбите на Карлос Балеба и Амаду Онана, отколку од Осимен. „Приходот од продажбата на Осимен не беше 70 милиони евра. Само седум милиони евра влегоа во клупската благајна, ако ги земемe во предвид провизиите за сите посредници, капиталната добивка и вредноста на четворица фудбалери (Лингоури, Манзи, Камезис и Палмери)“, изјави Летанг.

Споменатите четворица фудбалери беа вклучени во трансферот, но никогаш не заиграа за Лил. Инаку, Летанг ја презема претседателската функција во Лил неколку месеци по преселбата на голгетерот во Неапол.