Ликот на Марадона се појави на највисоката зграда во светот (ФОТО)

Целиот свет уште тагува по легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина минатата среда од срцев удар во неговиот дом во Аргентина.

Од Марадона досега се збогуваа голем број познатчи личности, а сега и Дубаи му го кажа последното збогум на еден од најдобрите во историјата.

Дубаи на посебен начин се збогуваше со Марадона, откако на најголемата зграда во светот Бурџ Калифа се појави ликот на Аргентинецот, а тоа ја воодушеви светската јавност.