Личниот доктор на Марадона бил еден од виновниците за смртта на Аргентинецот?

Смртта на Диего Мардона во Аргентина и понатаму е главна тема и медиумите се обидуваат да добијат што е можно повеќе информации поврзани со легендарниот аргентински фудбалер.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла неодамна кажа дека „божјата рака“ ќе била жива доколку брзата помош реагирала побрзо, иако потоа се појавија информации дека пристигнала за помалку од 15 минути.

Сепак, сега се појави информација која ги налути фановите на Марадона и кои веднаш почнаа да го обвинуваат личниот доктор на Аргентинецот, кој не им кажал на докторите во Брзата помош за кој пациент станува збор.

„Дали може да испратите амбулантно возило во квартот Сан Андрес?“, прашал докторот на Марадона, по што објаснил дека станува збор за маж од 60 години, кој има проблеми со срцето, а притоа ниту еднаш не споменал дека тоа е Марадона, а дел од фановите сметаат дека интервенцијата на брзата помош ќе била побрза доколку го кажел за кого станува збор.