Крај на две блескави кариери: Шпанските легенди со трофеј отидоа во пензија

Синоќа Интер Мајами гo победи Ванкувер со 3:1 во големото финале на МЛС, но тој трофеj, освен еуфорија, предизвика и солзи.

Причината е збогувањето со фудбалот на Жорди Алба и Серхио Бускетс, легенди на Барселона, шпанскиот фудбал и на овој спорт воопшто. Синоќа, ова дуо го одигра својот последен професионален натпревар во кариерата. Збогувањето беше токму онака како што го замислуваа, со трофејот во рацете и опкружени со своите најдобри пријатели и семејство. Кога веќе не можеше да биде во дресот на Барселона, каде минаа најголем дел од кариерите, ова сценарио е секако идеално.

Бускетс ја заврши последната сезона со десет асистенции, додека Алба постигна осум гола со 16 асистенции. Куриозитет е тоа што своето последно додавање во кариерата, поранешниот шпански репрезентативец го имаше кон Меси кој потоа му асистираше нма Аљенде за конечените 3-1.

Жорди Алба ја заврши кариерата со 22 трофеја во своите витрини, додека ова беше 37-ма титула за Серхио Бускетс. На Алба му недостасуваше само пехарот од Светското првенство, додека Бускетс освои се што можеше да се освои во кариерата.