Косово како да играше дома: 15.000 навивачи го окупираа стадионот на мечот со Англија

Англија одигра одличен меч против Косово во квалификациите за Евро 2020, па на крајот славеше со 5-3, а на стадионот беа забележани дури 15.000 фанови на нашиот сосед.

Тоа е навистина импресивна бројка на стадион на кој собира вкупно 32.000 фанови, па косовската репрезентација играше како да е на домашен терен.

Косово се наоѓа во добра позиција за пласман на Евро 2020 и од групната фаза, но доколку не успеат во својата намера, тогаш ќе се пресметаат со Македонија во Лигата на нации во 2020 година.