Ќе се воведе ново правило за голманите, Мањан ироничен - ќе ни речат и да браниме свртени со грб!

Од ФИФА и УЕФА најавија дека ќе има неколку промени во правилата, а едно од нив е за голманите при бранењето на пенали.

Според новото правило кое треба да биде изгласано, голманот при изведување на пенал на противникот, не смее да ја допира пречката, стативите и мрежата. Тоа се воведува со цел да не го одвлекуваат вниманието на оние кои шутираат.

Се верува дека причина за ова е голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез кој го правеше токму тоа за време на Светското првенство.

Реакциите кај голманите се негативни. Еден од оние кои први реагираа е голманот на Милан, Мајк Мањан кој иронично го искоментира правилото.

„Ново правило за пеналите од 2026 година. Голманите мора да го свртат грбот пред шутот. Во случај да го одбранат пеналот, ударот се повторува“, напиша Мањан на социјалните мрежи.