Катарците признаа: При изградба на стадионите загинаа 400-500 луѓе (ВИДЕО)

Шефот на Светското првенство (СП) во Катар, Хасан Ал-Тхавади во разговор со познатиот водител Пирс Морган откри дека при изградба на стадионите загинале околу 400-500 работници.

„Гардијан“ минатата година обвини дека во Катар загинале над 6.500 луѓе кои работеле на инфраструктурата за Мундијалот, но сепак Ал-Тхавади смета дека бројката е помала.

„Проценката е дека загинаа меѓу 400 и 500 луѓе. Немам точна бројка на починати, но и една смрт е многу. Мислам дека здравствените системи на градилиштата се подобруваат, барем кога станува збор за нашите градилишта“, вели Ал-Тхавади.