Јуве и Барса подготвуваат нова трампа за пак да го надмудрат финансискиот фер-плеј!

Престижниот француски весник „Л'Екип“ утринава пишува за потенцијална голема замена на фудбалери помеѓу Јувентус и Барселона, со која Антоан Гризман би завршил во Торино, а во спротивен правец би заминал Паоло Дибала.

Каталонците подолго време се обидуваат да се ослободат од францускиот репрезентативец, особено по доаѓањето на Кун Агуеро и на Мемфис Депај, додека „Камп Ноу“ би можело да биде одлично место за враќање на старата слаба на Дибала. Зад Аргентинецот е лоша сезома исполнета со повреди, поради што трансферот во Барса би бил идеален за него.

Ваквата замена би била корисна и за двата клуба, со цел да се надмудри финансискиот фер-плеј поради сметководствените правила на УЕФА, а кои во вакви ситуации двојно се отпишува задолженоста во споредба со обично купување и продавање играчи. Шпанско-италијанската коалиција веќе имаше ваква трампа и тоа минатото лето помеѓу Артур и Пјаниќ, поради што сосема е веројатно истото да се случи и овој пат.