Интер во Катар договара засилување за јануари

Спортскиот директор на Интер, Пјето Аусилио и потпретседателот Хавиер Занети се во Катар за лично да се сретнат со претставниците на Маркус Турам кого сакаат да го ангажираат во јануарскиот преоден рок.

Веќе се одржал првиот состанок меѓу двете страни, претставниците на Интер ја искажале заинтересираноста за 25-годишниот син на легендарниот Лилиам Турам.
 
Договорот на Маркус Турам со Борусија Менхенгладбах истекува по крајот на оваа сезона, па Интер се надева дека ќе може за малку пари да го ангажира во јануари.
 
„Газета дело Спорт“ пренесува дека на првичните разговори кои се одржале синоќа во Катар, претставниците на Турам биле позитивни за трансфер на фудбалерот во Интер, наводно тој имал желба да се пресели во италијанскиот клуб иако не се брза да ја напушти Германија.
 
Борусија Менхенгладбах сака околу 10 милиони евра за да го продаде Турам. За нив јануарскиот преоден рок е последна шанса да заработат од заминувањето на нивниот фудбалер. Во јуни ризикуваат тој да си оди како слободен играч.
 
Маркус Турам за разлика од неговиот татко, игра во нападот, како централен и крилен напаѓач, оваа сезона постигна 13 голови и имаше четири асистенции на 17 меча во сите натпреварувања.
 
Турам игра за француската репрезентација, но роден е во Италија, во Парма кога неговиот татко престојуваше таму.