
Интер Мајами се разигра, даде пет гола - во сите учествуваше Меси (ВИДЕО)
Тоа е втора победа по ред за тимот од Флорида откако претходно имаше серија од четири меча без триумф. Како резултат на тоа дојде на еден бод од второпласираниот Синсинати и тоа со натпревар помалку, а сето ова се случува на две недели пред почетокот на Светското клупско првенство каде ќе учествува и Интер Мајами.
Убедливо најдобар играч на натпревар беше Лионел Меси кој учествуваше во постигнувањето на сите пет гола. Во 15. и 24. минута ја тресе противничката мрежа, а покрај им асистираше на Аљенде, Суарез и Пико за останатите три погодока на својот тим.
Со овие два гола, Меси стигна до бројката од 31 во МЛС лигата во својата кариера и сега е најефикасен играч во историјата на Интер Мајамик ога станува збор за ова натпреварување, надминувајќи го Гонзало Игуаин кој застана на 29.