
Ињаки Вилијамс со секси-танц се претстави пред новите соиграчи од Гана! (ВИДЕО)
Неговите родители се од Гана, па тој реши да го облече дресот на оваа африканска селекција, откако неколку селектори на Шпанија не го удостоија со повик за сениорскиот тим. На своето деби во Гана, Ињаки им се претстави на новите соиграчи со еден необичен секси-танц, кој беше проследен еуфорично од репрезентативните колеги.
Вилијамс има настапено за Шпанија на еден пријателски меч, а играше и во младинските репрезентации, дури и против Македонија на ЕУРО У-21 во 2017, но според правилата на ФИФА, може да се смени националниот тим, штом нема одиграно официјален натпревар.