Холандски фудбалер се бори за живот поради судир со противничкиот голман! (ВИДЕО)
Во 11. минута од мечот, Зимбру изведуваше слободен удар на противничката половина, а 27-годишниот Ван Иперен втрча со напера да влезе во шанса со глава, на нафрлената топка. Меѓутоа, наместо на топката, налета на раката на домашниот голман, кој, пак, излезе да боксува.
Во прв момент не изгледаше дека е опасно, дури и дека имало удар, но Холанѓанецот се струполи во бессознание и веднаш сите потрчаа кон него. Долго време се обидуваа да го освестат или барем да се осигураат дека нема да се задуши од јазикот, а потоа пристигнала и локална медицинска екипа, која го однела во болница. Според информациите од Зимбру, фудбалерот уште бил во кома и се борел за живот.