Морбидна порака кон ветеранот Иличиќ го згрози регионот (ФОТО)
Средбата заврши без погодоци, а во центарот на вниманието се најдоа домашните фанови.
На трибината на ултрасите на Олимпија се појави транспарент на кој имаше нацртано јамка и стоеше:
„Јојо, направи ни услуга“.
Со оваа морбидна порака тие алудираа на проблемите кои Иличиќ ги имаше со депресијата и поради кои одреден период неговата кариера беше во прекин.
Низ кариерата Иличиќ долго време беше репрезентативец на Словенија, а покрај Марибор го носеше дресот на: Бонифик, Инферблок, Марибор, Палермо, Фиорентина, Аталанта.
meanwhile, in Slovenia, the opponents' fans want him dead. Disgusting. pic.twitter.com/Y8gWQXsY5N
— Nino M (@NinoM72) November 13, 2024