Хасани по пет месеци конечно најде клуб – ќе игра во Хелсинки!

Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани, конечно после пет месеци најде клуб каде да ја продолжи кариерата, па денеска потпиша договор со фински Хелсинки и беше промовиран за ново засилување на овој клуб.

Последен клуб на Хасани беше саудиски Ал Раед, по што откако си замина, беше поврзуван со враќање во тетовска Шкендија, па трансфер во Албанија, но од сето тоа не излезе ништо и сега ќе игра во најторфејниот фински клуб и првак Хелсинки.

„Среќен сум што ќе играм за Хелсинки, Се работи за клуб со голема традиција и имам големи очекувања за следната сезона“, вели Хасани.

Затоа што немаше клуб, Хасани го немаше ниту на списокот на селекторот Игор Ангеловски за изминативе четири меча во септември и овој месец. Има 38 настапи за Македонија и два гола.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

New club new challenge 🔵⚪️ @hjkhelsinki Thank you @wespiremanagement

A post shared by Ferhan Hasani (@ferhanhasani) on