Халилхоџиќ нема да го види СП, ама џебот ќе му биде пополн за – три милиони евра

Босанската легенда Вахид Халилхоџиќ третпат нема да биде дел од Светско првенство поради предвремен раскин на договорот, иако со една репрезентација обезбеди пласман откако спогодбено се раздели со Мароко после повеќе од четиримесечна сага околу неговата иднина.

Кавгата на Халилхоџиќ со двете најголеми марокански ѕвезди, Хаким Зијеш од Челси и Хисам Мазруаи од Баерн Минхен беа пресудни, иако во последниве два месеци се смирија страстите, но фудбалерите останаа на став дека со него не сакаат да соработуваат, откако за недисциплина ги исклучи од репрезентацијата на крајот на минатата година.

И конечно сагата доби разврска со спогодбениот раскин на соработката, па на Халилхоџиќ сега ќе му припаднат три милиони евра како отштета. Тој имаше договор уште година ипол со Мароко, иако првично се најавуваа за милион евра повеќе од тоа што ќе го добие.

Босанецот на клупата на Мароко беше од 2019 година.