Голман на противничкиот колега му светеше со ласер, доби суспензија од - 11 меча! (ВИДЕО)

Досега невидена ситуација се случи во мексиканскиот фудбал, голманот на Тигрес, Нахуел Гузман доби суспензија од 11 натпревари затоа што на противникот му светеше со ласер.

Гузман не бил во комбинација за настап на овој натпревар, па мечот против Монтереј го следел од ВИП ложата, а од таму направил бизарен потег поради кој ќе биде долго време на „ладење“.

Тој со ласерско светло го попречувал голманот на Монтереј, Естебан Андрада. Гузман бил забележан од камерите, а дисциплинската комиција на мексиканската лига жестоко го казни.

Покрај суспензијата од 11 натпревари, тој и парично ќе биде казнет, а Тигрес најави и интерна казна за својот голман.