Фудбал тешко набрзо да гледаме: СЗО со препорака - нема мечеви додека нема вакцина?!

Делува застрашувачки и неверојатно, но фудбал во брзо време веројатно нема да гледаме, колку и да се труди ФИФА, УЕФА и другите фудбалски организации да изнајдат нов календар за рестарт на сезоната, зашто според препораките на Светската здравствена организација (СЗО) не смее да има мечеви додека не се пронајде вакцината за коронавирусот.

Чилеанскиот новинар Даниел Бјанки објави дека јужноамериканската федерација (КОНМЕБОЛ) добиле комунике од ФИФА во кое се посочува дека СЗО дало препорака да не се започне ниту еден фудбалски меч додека сите играчи не бидат вакцинирани. Тоа значи дека најмалку уште шест месеци ќе нема фудбал, ако сето ова е точно, од причина што според најавите вакцината противкоронавирусот најрано би се појавила кон крајот на годинава.

Светските научници во моментов работат на пронаоѓање на вакцина за новиот Ковид-19, но најавија дека сето тоа нема да оди така брзо, зашто во моментов е во фаза на прв тест, а мора да се минат низа други тестови, пред да истата доибие дозвола да се употребува врз човекот.

Ако сето ова се покаже како точно, тогаш практично оваа сезона оди во неврат и ќе биде поништена, а под знак прашалник се доведува и стартот на новата сезона, но до презакажаните големи натпреварувања, како Евро 2020, Копа Америка и ЛОИ во Токио, би требало веќе вакцината да биде пуштена и спортистите со истата да може потоа да се натпреваруваат.