Фиго го нападна Мартинез: Уништи златна генерација на фудбалери!
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид го критикуваше тренерот Роберто Мартинез и кажа дека не го искористил големиот потенцијал кој го имал на располагање.
„Не сум зачуден што загубивме од Шпанија затоа што имаме просечен тренер кој секогаш има среќа да добие голема работа. Роберто Мартинез е истиот стратег, кој не можеше да освои ништо со златната генерација на Белгија. Уништи златна генерација на фудбалери“, кажа Фиго.
Мартинез даде оставка по елиминацијата од Мундијалот, а негов наследник треба да биде Жорге Жесус.