ФИФА суспендираше претседател на фудбалски сојуз поради секс-скандал!

Поради сомнеж дека сексуално злоупотребувал млади фудбалерки, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) привремено го суспендираше претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хаити, Ив-Жан Барт.

Долгогодишниот претседател на Фудбалскиот сојуз се соочува со обвинувања дека во претходните пет години ги напаѓач младите фудбалерки во тренинг-кампот на Сојузот.

Британски „Гардијан“ минатиот месец објави дека тие се злоупотребувани, но Жан-Барт ги демантираше обвинувањата.

„Етичкиот одбор привремено му забрани на господин Жан-Барт да се занимава со активности поврзани со фудбалот во рок од 90 дена“, соопштија од ФИФА.