ФИФА соопшти: Клубовите загубиле неверојатни 14 милијарди долари!

Пандемијата на ковид-19 направи хаос во светот на спортот, а имаше огромно влијание и на фудбалските клубови ширум светот.

Вкупната вредност на сите клубови во светот се проценува на околу 45 милијарди долари, а загубата била речиси третина од таа сума, односно околу 14 милијарди долари.

За да биде уште полошо, од ФИФА предупредија дека загубата се однесува на моменталната состојба и дека таа ќе расте додека трае пандемијата.

Најмногу е погодена Јужна Америка, каде што во некои држави не се игра фудбал, а во тешка ситуација се и азиските, како и клубовите од Африка.

Исто така, ФИФА даде помош од милијарда ипол долари во овој тежок период за тимовите.