ФИФА направи голема промена пред Мундијалот во Катар

Светската фудбалска федерација (ФИФА) промени едно од правилата, па така на учесниците на Светското првенство (СП) во Катар ќе им биде дозволено да имаат на располагање по 26 фудбалери.

Сите репрезентации ќе може да повикаат до 26 фудбалери за Мундијалот во Катар, а тоа се три играчи повеќе во однос на претходното Светско првенство во Русија пред четири години.

Селекторите, исто така, ќе можат да користат до пет измени во текот на натпреварите, а тоа правило почна да важи поради ковид-19.

Мундијалот во Катар е закажан во период од 21 ноември до 18 декември.