Фердинанд: Имам големи болки, некогаш морам да користам и инвалидска количка
Фердинанд, кој денес има 47 години, минатата година заедно со сопругата Кејт се пресели во Дубаи, каде што се соочува со болните последици од кариерата во која одигра речиси 600 натпревари.
Иако на најновите фотографии направени за еден магазин изгледа како да е во одлична форма, Фердинанд призна дека повредите кои со години ги игнорирал сега го стигнуваат. Во текот на кариерата со години користел инјекции и таблети против болка за да може да настапува, а проблемите продолжуваат и денес.
„Подолго време имам проблеми со грбот. Влечам повреди уште од кариерата. Шест години играв под таблети и инјекции. Тоа остави последици. Имам тешки периоди кога морам да поминам неколку дена во болница или во инвалидска количка. Лудо е, но болката едноставно се појавува од никаде“, изјави Фердинанд.
Тој и претходно зборуваше за физичките проблеми кои го мачеа во завршницата на кариерата, признавајќи дека жали што не се пензионирал во Манчестер јунајтед, туку одиграл уште една сезона во Квинс Парк Ренџерс.