Џани Инфантино ќе биде на чело на ФИФА до 2023 година

Џани Инфантино е реизбран за претседател на Светската куќа на фудбалот (ФИФА) со акламација. 

Италијанецот на конгресот во Париз немаше противкандидат, па ја доби довербата и во следните четири години да раководи со фудбалот.

Инфантино дојде на чело на ФИФА во 2016 година откако Сеп Блатер беше приморан да си поднесе оставка по големиот корупциски скандал што ја потресе „Куќата на фудбалот“, кога беа уапсени голем број на челници.