
Дресот на Марадона од 1986 година ќе се продаде за два милиони долари!?
Првиот гол на мечот Марадона го постигна со рака, а тоа Англичаните нема никогаш да му го простат, иако вториот негов погодок е еден од најдобрите голови во историјата.
По смртта на Аргентинецот многу луѓе се обидуваат да заработат од името на Марадона, а посебно такви се тие кои имаат уникатни работи од поранешниот фудбалер.
Дресот со кој Марадона играше на мечот во 1986 година е во сопствеништво на Стив Хоџ, кој сега сака да го продаде и за него бара дури два милиони долари.
„По мечот бев во тунелот и видов како Марадона доаѓа од спротивната насока. Го соблеков дресот и ги заменивме“, кажа Хоџ.