Директор на Јуве тврди: Го почитуваме Меси, но Роналдо мораше да ја освои наградата!

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи во изјава за „Фудбал Италија“ кажа дека го почитува Лионел Меси, но смета дека Кристијано Роналдо ја заслужил наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во 2019 година.

Паратичи смета дека Роналдо бил подобар минатата сезона од Меси, па токму поради тоа не му се допадна тоа што Аргентинецот заврши пред Вирџил ван Дајк и Португалецот во изборот на ФИФА.

„Ние го почитуваме Меси, но Роналдо ја заслужи наградата на ФИФА. Ние мислиме дека по тоа што се случи минатата сезона, кога ја освои Лигата на нации со Португалија, Серија А и италијанскот Суперкуп со Јувентус, тој заслужи да победи“, порача Паратичи.