
Децата на Марадона ќе водат голема битка за неговото богатство
Марадона заработи милиони во кариерата, но поради неговиот начин на живот на крајот не му останаа многу пари, а доколку продолжеше вака уште некое време, тогаш ќе завршеше и без тие 75.000 евра.
Аргентинецот, наводно, бил сопственик на цела станбена зграда во Буенос Аирес и неколку станови во центарот на градот. Имал гаража полна со скапи автомобили, инвестиции на Куба и во Италија, фудбалска академија во Кина и спонзорски договори, па тоа се дополнителни средства кои ги имал Марадона, освен неговите 75.000 евра на сметката.
Италијанскиот медиум пишува дека околу 11 деца на поранешниот фудбалски магионачар ќе се борат за останатото богатство на Аргентинецот, кој на Суд призна само два сина и три ќерки.