Чудо на стадионот на Шапекоенсе: Со фудбалот се случи нешто невообичаено (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Шапекоенсе и Атлетико Мадрид беше забележана несекојдневна ситуација. По центаршутот на фудбалерот од домашната екипа, топката имаше неприродно движење, а во еден момент во воздухот ги „сруши“ сите закони на физиката и предизвика вистинска мистерија меѓу публиката.

Не станува збор за силен ветер, нитуа за удар на топката додека леташе во воздух, па затоа, многумина ова случување го поврзаа со стравичната несреќа која им се случи на фудбалерите на Чапекоенсе од пред неколку години.