„Честитки до Модриќ, но наградата требаше да ја освои Французин“

Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во 2018 година и така ја прекина десетгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Во интервју за францускиот медиум „Ле Монде“, селекторот на Франција, Дидие Дешам кажа дека е разочаран затоа што французин не го освоил трофејот.

„Би било непочит да кажеме дека Модриќ не ја заслужи наградата. Но, јас сум разочаран затоа што ниту еден Французин не ја освои. Исто така и седмото место на Рафаел Варан. Без навреда кон судиите, но мораше наградата да ја освои светски шампион“, кажа Дешам.