Челси се разделува со човекот кој помина 18 години во клубот

Eнрике Хиларио, тренерот на голманите од редовите на Челси си заминува од „Стенфорд Бриџ“ по цели 18 години.

Eнрике Хиларио, тренерот на голманите од редовите на Челси си заминува од „Стенфорд Бриџ“ по цели 18 години.

Хиларио го напушта Челси за да се приклучи на стручниот штаб на Томас Тухел кој од 1 јануари ќе седне на чело на репрезентацијата на Англија.

Во Лондон Хиларио пристигна во 2006 година како трет голман, пред него шанса добиваа Петар Чех и Кларло Кудичини. Кариерата ја заврши 2024 година и веднаш се пресели на клупата.

Беше во стручниот штаб на Антонио, Конте, па Маурицио Сари, а потоа соработуваше и со Томас Тухел. Германецот инсистираше да ја продолжат соработката, но во Челси не дозволуваа Хиларио да извршува две функции, па така ја прекинаа соработката.

Хиларио дел од репрезентацијата на Англија ќе стане заедно со пристигнувањето на Тухел со стартот на 2025 година.