Челси денеска ќе потроши 200 милиони фунти на две засилувања!?

Медиумите од Англија пренесуваат дека Челси би можел денеска да потроши речиси 200 милиони фунти за да ги ангажира Енцо Фернандез и Моисес Каиседо.

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли троши како никој претходно, клубот од „Стемфорд Бриџ“ поставува нови рекорди кога е во прашање трансфер пазарот.

Денеска е последен ден од зимскиот преоден рок и „сините“ можат да креирата ден за паметење.

Челси ги пегла деталите со Бенфика за трансфер на Енцо Фернандез вреден околу 115 милиони фунти, но не планира тука да запре со засилувањата.

Тод Боли уште еднаш ќе тропне на вратата на Брајтон и ќе се обиде да го ангажира Моисес Каиседо. „Галебите“ веќе одбија една понуда од Челси вредна 55 милиони фунти, и два предлога на Арсенал, првиот вреден 60 милиони фунти, вториот вреден 70 милиони фунти.

„Сините“ се подготвени на маса да стават околу 80 милиони фунти и да ја тестираат одлучноста на Брајтон.

Доколку успее да ги комплетира двете зделки, Челси само денеска ќе потроши речиси 200 милиони фунти.